ЛШ: Дерби за гурмани во Париз, каде да гледате?

По воведното коло во Европската лига, на големата сцена се враќа најелтното натпреварување на ЕХФ - Лигата на шампионите. Денеска на програмата се три натпревари, а од два меча ќе има и директен ТВ пренос. 

Целје и Барса го отвораат денот со меч што ќе се игра во „Златорог“ вo Словенија со почеток од 18:45 часот. Во исто време во Монпеље ќе гостува данскиот првак ГОГ. 
Во терминот од 20:45 часот, во „Пјер де Кубертен“ во Париз ќе гостува данскиот тим Алборг предводен од поранешната ѕвезда на ПСЖ, Микел Хансен. 

Директни прености на ТВ Арена Спорт 3 Премиум ќе има од натпреварите меѓу Целје и Барса, односно ПСЖ и Алборг. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk