Алкалоид без бодови на европското дерби

АЛКАЛОИД - ВОЈВОДИНА 26-31 (13-15)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Денис Бојиќ и Криштоф Хурих од Австрија. Делегат: Предраг Павичевиќ од Црна Гора
АЛКАЛОИД: Ромеро, Џонов 8, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 4, Стојчевиќ, Стојковиќ, Митев 5, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Омерагиќ, Трајкоски, Бинго 5, Кофилоски, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 4/9 Исклучувања: 6 мин.
ВОЈВОДИНА: Лучин, Шијан, Воркапиќ 8, Милиќ 6, Оцвирк 2, Вуковљак, Азиз 3, Трнавац, Миленковиќ 3, Сунајко, Пушица, Раџеновиќ 1, Пешиќ 2, Роган, Пуховски 6, Чуреф
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 12 мин.

Алкалоид не успеа својот деби настап во Европската лига да го круниса и со победа. Составот на Војводина ги казни грешките и промашувањата на домашниот состав и ги однесе бодовите од Скопје. 

Уште од почетокот  на натпреварот гостинскиот состав покажа дека е со квалитет тим за секој респект и добро подготовен за нашиот вицепрвак.
По петнаесетина минути игра, откако промашија неколку зицери домашните ракометари, резултатот почна да се движи во полза на гостинскиот состав. 
Поведоа со 6-3, 11-6 и го имаа резултатот под контрола. 

„Кога ќе промашиш пет пенали, победа над ривал како Војводина станува невозможна мисија“, изјави на прес конференцијата по натпреварот Кирил Лазаров.
Но во финишот на натпреварот работите за момент тргнаа на добро за Алкалоид и до крајот на полувремето, па Алкалоид од 10-15 стигна до 13-15 и тоа е резултат што даваше надеж за подобар резултат во второто полувреме. 

„Бевме спремни за играта на Алкалоид. Без да ми замерите, Лазаров нема којзнае колкав избор на играчи за да може да смени многу и очекувавме ваква игра и се спремавме за тоа“, изјави тренерот Борис Ројевиќ. 

Вториот дел Алкалоид ја имаше негативата од два разлика и пропушти неколку напад за да го минимизира водството на противникот, промашени пенали, чисти ситуации...

„Ние денеска немавме проблем со одбраната, нашиот напад комплетно потфрли. Ние изнудивме многу седмерци, чисти ситуации и не ги реализиравме. Ова ни се повторува долго време“, изјави Лазаров. 

Откако Алкалоид ги пропушти своите шанси, Војводина одново се одлепи, на момент и со седум гола разлика (20-27). 
Но, одново во финишот на мечот се створи шанса за Алкалоид. Македонскиот тим стигна со 25-27 и кога требаше да се направи пресврт, одново промашени пенали и зицери и Војводина стигна до победа од 31-26. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk