Вардар „спремен“ за гости во Битола

Вардар 1961 денеска го совлада тимот на Голден Арт (32-21) како гостин во „Јане Сандански“ и го задржа 100 процентниот ефект во пресрет на првото коло од вториот круг во Суперлигата, во кое црвен-црните му гостуваат на тимот на Еурофарм Пелистер во Битола. 

Ансер Родригез и Матија Николиќ постигнаа по осум гола на натпреварот на кој Вардар поведе со 8-1 и по десетина минути игра го реши победникот. Голден Арт собра сили да парира и да не дозволи разликата да стане преголема. Гостите беа без неколку клучни играчи на овој меч што донекаде им ја олесни работата на петкратниот стрелец Тоше Ончев и соиграчите кои до полувреме стигнаа на сосема пристојни 11-14. 

Голден арт одолеа во воведните минути од второто полувреме на нападите на гостинскиот состав, а потоа од 14-18 стана 15-23, а недолго постоа дојде и првата двоцифрена разлика 18-28. Семафорот одброја 60 минути при резултат 21-32 и бодовите заминаа на салдото на црвено-црните кои одново се осамени на врвот со три бода предност пред следниот битолскиот ривал. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk