Злато вредна победа на Струга

АЕРОДРОМ - СТРУГА  25-31 (13-15)
Костов 12 - Младеновски 6, Бошњак 6, Јанкуловски 6

Последниот викенд ден од во машката Суперлига носи три натпревари, а мечот со најголемо резултатско значење почна точно на пладне во малата сала во „Јане Сандански“. 
Аеродром, пријатното изненадување во Суперлигата ја пречека Струга, на меч што ќе има големо влијание во крајната распределба на позициите на табелата, кога ќе се делат плејоф и плејаут поканите се пролетниот дел од шампионатот. 

Двата тима со скор од 3-0-3 и девет бода на салдото влегоа во битката за четвртото место, а победник излезе гостинскиот состав на Струга. 
Долго време резултатот беше тесен, Струга воглавно беше во предност, предводена од тројца расположени стрелци (Младеновски, Јанкуловски и Бошњак) кои постигнаа секој по шест гола со поддршка од уште една важна личност - голманот Рикановиќ.
На полувреме беше 15-13 за гостите, а средбата беше решена кон средината на второто полувреме. 
Скопските ракометари во обидот да го намалат или анулираат минусот, само што стигнаа на минус еден (19-20) ја загубија главата на теренот и стружаните со серија од 5-0 стигна до водство од 25-19 што беше клучно за натамошниот дел од средбата, вклучитечно и конечниот резултат од 31-25. 
Наум Костов со 12 гола од кои 6 од седмерец беше најефикасниот играч на натпреварот. 

По овој меч, Струга е осамена на четвртата позиција со три бода предност пред Аеродром и шест пред Е. Пелистер 2, додека пред нив се Охрид три бода повеќе, Тиквеш со шест бода предност и сосема напред на врвот на табелата со седум од седум е Алкалоид. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk