Кил веќе заостанува цели 10 бода!

Локомотивата на европскиот клупски ракомет, германската Бундеслига следната сезона сосема извесно ќе има нов шампион. 
Иако минаа само осум кола во германската елита, бранителот на тронот, Кил, веќе е во пракса надвор од трката за шампионскиот пехар. 
Зебрите се во резултатска криза. За момент, победата над Келце во Лигата на шампионите се чинеше дека ќе ги крене над површината, но тоа не е случај. На крајот излезе дека мечот со Келце кој настапи без Волф, Алекс Душебаев и Кадах во тимот беше само моментален блескок не зебрите.
Во новото, осмо коло од Бундеслигата, Кил беше поразен на гостински терен од Лајпциг (34-35). 

Сега Кил има само четири победи од осум одиграни кола и вкупно освоено осум бода. Црно-белите веќе во оваа фаза од првенството заостануваат цели 10 бода зад лидерот Фуксе Берлин кој е единствено со 100% во шампионатот. 

За споредба, лани кога Кил ја презема шампионската титула од Магдебург, во 34 кола имаше само 4 порази и 1 нерешен меч. Сега, по само 8 кола, има 4 порази. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk