Голема заинтересираност за билети, ангажиран и Ди Џеј за кревање на атмосферата, ракометари желни за победи, публика желна за добар европски ракомет во својот град по цели 13 години...
Се чини дека најголемиот дел од условите денеска за биде ракометен празник во Кавадарци се исполнети.
ГРК Тиквеш излегува на меѓунардоната сцена, а нивниот противник, веруваме дека е по мерка доаѓа од Австрија. Тоа е екипата на Кремс, тие никогаш не играле против македонска екипа официјален натпревар, но сепак, со години беа дел од вестите што се следеа во Македонија затоа што таму од 2012 до 2018 играше македонскиот репрезентативец Влатко Митков, а во 2018 година, еден период од кариерата таму мина и голманот Петар Ангелов.
Никола Матлиески, тренерот на ГРК Тиквеш изјави дека неговиот тим е подготвен, дека противникот е анализиран и дека се подготвува тактика за анулирање на нивните посилни страни и наметнување на ритам што повеќе ќе му одговара на кавадаречкиот состав.
Сето тоа вечерва треба да се покаже на дело. Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, а директен ТВ пренос ќе има на МТВ 3.
АКО НЕ ЗНАЕВТЕ: Минатата сезона Кремс играше во Европа и беа службено елиминиран затоа што не отпатува на реванш натпреварот со Војводина во Нови Сад.
Причина за ваквиот потег беше тоа што за време на првиот меч во Австрија навивачите на Војводина предизвикаа инцидент на трибините во Австрија. Таа средба заврши со победа од 29-27 на Војводина, а потоа Австријците решија да протестираа и демонстративно да не одат на гостувањето во Нови Сад, од безбедносни причини.
ЕХФ го регистрираше тој меч со службена победа од 10-0 за Војводина.
Поврзани вести