Македонија денеска игра за пласман на ЕП

Женската репрезентација на Македонија денеска од 15:00 часот во ллитванската престолнина Вилнус ќе се сретне со домашната репрезентација во натпревар од второто коло од квалификациите за Европското првенство што во декември 2024 ќе се одржи во државите Швајцарија, Австрија и Унгарија. 

Македонската репрезентација успешно стартуваше во овој циклус со рекордна победа над селекцијата на Азербајеџан од 23 гола разлика, додека Литванија доживеа фијаско на гости кај Шпанија и беше поразена со 33 гола разлика. 
Со оглед на системот кој предвидува две репрезентации од оваа група да се пласираат на ЕП, а третата да се пребројува со бодови и гол разлика со другите седум репрезентации што учествуваат во квалификациите. Шансите на Македонија да го обезбеди пласманот на ЕП се огромни доколку денеска успее да слави победа на гостински терен. 

Селекторот на македонската репрезентација, Кристијан Грчевски одбра ракометарки за денешната пресметка, а на теренот во Авиа Арена ќе истрчаат следниве 16 ракометарки: 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk