Европа во Кавадарци по 13 години

Кавадаречките љубители на ракометот чекаа цели 13 години за повторно да видат свој клуб на европска сцена, на меч во „Јасмин“. 
Утре во рамките на ЕХФ Куп, гостува австрискиот тим Кремс и тоа чекање конечно ќе заврши. Кремс минатата сезона во Австрија беше елиминиран во полуфиналето на нивниот Плејоф, годинава од шест натпревари има три победи и три порази. Не е многу импресивен на почетокот на сезоната, но овие бројки нема да ги успијат кавадарчани. 

„Нѐ очекува тежок натпревар со квалитетен противник“, вели тренерот на ГРК Тиквеш, Никола Матлиески. „ Кремс игра 'германски' ракомет, имаат одлична транзиција, играчи што знаат да играат еден на еден, како колектив се одлични, добро тренирани во двата правца и ќе биде вистински предизвик да се игра со нив. Ние ќе мораме да обрнеме многу внимание на таа транзиција и да се враќаме доволно брзо за да ги натераме да напаѓаат на поставена зона. Ќе биде убав натпревар, верувам во мојата екипа, а се надевам и дека салата ќе биде полна затоа што долго време не се играла европска средба овде. Публиката треба да биде наш осми играч и да ни даде потстрек за да стигнеме до посакуваната цел“, изјави Матлиески. 

Почеткот на натпреварот е закажан за 19:00 часот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk