Еурофарм Пелистер одигра уште еден меч од ЕХФ Лигата на шампионите синоќа во Париз. Во последните две кола против Кил и ПСЖ, Е. Пелистер изгледаше на терен подобро отколку против скандинавците, но тоа ниту оддалеку не беше доволно за сензација.
По четири одиграни кола битолчани имаат четири пораза, а реалноста вели дека шансите за пласман во елиминациите се практично изгубени. Не само поради четирите порази, туку поради тоа што Загреб изненади и веќе има три бода, па го мина и ПИК Сегед на табелата, а тие успеја да го совлада Алборг.
Во следното коло битолчани гостуваат во Загреб и по тој меч, речиси сите карти ќе бидат отворени.
Како и да е, Е. Пелистер ќе игра за впечаток, за одбрана на реномето и што би рекле во Битола - ќе игра за душата. А кога нема што да се загуби, натпреварите знаат да станат и поинтересни, поопуштени и понекогаш ќе се појави и изненадување на хоризонтот. Но...
Еден момент од вчерашниот ТВ пренос случајно на Арена Спорт 1, отвори тема за дискусија и размислување...
„Добро е за репрезентацијата на Србија што Урош Борзаш. игра се подобро“, ја парафразим изјавата на колегата од Арена Спорт. Истото важи и за Богдан Радивојевиќ без сомнеж, односно за селекторот на Србија, Тони Херона во поглед на позицијата десно крило.
Но, што е со македонската репрезентација, како што се ближи неделата на ЕХФ веќе се наметнува само по себе прашањето?
Откако во репрезентативна пензија замина Гоце Георгиевски, прв избор согласно целиот процес на подмладување стана Ненад Костески. И ако Тони Херона може да биде задоволен што формата на Борзаш и Радивојевиќ оди напред преку ЛШ, селекторот на Македонија не може да биде задоволен затоа што Костески вчера не одигра ни минута. Зошто не беше во ротацијата, ќе знаат само тренерите на Е. Пелистер, а тоа се двајца македонски тренери.
Костески некако излезе во преден план во целава приказна затоа што имаше сосема солидни партии претходно, но тој е само еден пример. Уште под импресии од костатацијата на Арена, чувствуваме горчина додека го пишувавме составот на Е. Пелистер вчера и зад имињата на Кузманоски, Танкоски, Костески, Ѓорговски напишавме запирка, запирка, запирка, запирка... Петар Атанасијевиќ имаше еден шут еден гол, а честа ја спаси Жарко Пешевски. Ова не е ниту анализа, туку забелешка. Патот од тренинг до гол или запирка на натпревар е долг и тоа е цел процес, а ако македонските репрезентативци среде октомври се на ниво на запирка, тогаш причини за загриженост, на помалку од 100 дена до ЕП, треба да има.
Не би им се мешале во работата на Јовиќ и Шундовски, нека си го носат својот товар, но многу брзо, за помалку од 100 дена а ќе дојде стартот на Европското првенство во Германија на кое ќе игра и Македонија.
Тогаш, приказната семенува и сите од македонските играчи бараат чуда.
Традиционално, јануарски, бројот на селектори во Македонија молњевито расте. И сигурно ја паметите ланската лавина Карапалески - Танкоски што се сруши врз репрезентацијата за време на СП? Се вратија двајцата на клупските обврски и се стиша сѐ. Нивните минутажи и улоги веќе не се ни споменуваат.
Годинава, односно во јануари сигурно некое друго, име или имња ќе ги носи лавината во Дизелдорф и Берлин.
А во безобѕирноста на коментарите и нападите, малку ќе се води сметка дека во Лигата на шампионите, на дуелот со големиот ПСЖ во Париз, четворица Македонци имале запирка зад името.
Поврзани вести