МТВ со преноси од Алкалоид во Европската Лига

Европската ракометна федерација денеска ги потврди носителите на тв права за натпреварите од групната фаза на Европската лига која почнува следната недела. 
Македонската Телевизија и спортскиот канал Арена Според се наведени како ТВ станици што ќе ги пренесуваат натпреварите на РК Алкалоид во неговата дебитантска сезона во Европа. 

Алкалоид е дел од групата „Ф“ во која се уште и екипите на Бјерингбро Силкеборг од Данска, Логроњо Ла Риоха од Шпанија и првиот гостин, екипата на Војводина од Нови Сад. 

Првата средба ќе се игра во вторник (17.10.2023) во „Јане Сандански“, натпреварот е закажан за 20:45 часот. 

Во прилог и комплетниот список на ТВ канали што ќе ги пренесуваат натпреварите од ЕХФ Европската лига. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk