Девет бундеслигаши плус Анди Шмит

Репрезентацијата на Македонија во јануари во „Мерцедес Бенц“ Арена во Берлин на последниот меч од групната фаза на Европското првенство 2024, ќе се сретне со репрезентацијата на Швајцарија. 
Во конкуренција на Франција и Германија кои се другите два ривала во групата, а и од досегашните меѓусебни дуели, барем во поновата историја, Швајцарија изгледа како противник против кого треба да се освојат бодови. 

Но, се сменија работите и Швајцарија од мундијалот во Египет веќе не е „оној“ тим против кого беше речиси загарантирана победа било дома или на гости, а и Македонија сѐ уште не стигнала во „таа“ фаза во која може на противниците да им залепи етикета аутсајдери. 

Селекторот на Швајцарија Михаел Сутер ги одработува последните осум месеци на кормилото пред, во јуни да биде заменет од Анди Шмит. Најславниот швајцарски ракометар, пак, дотогаш ќе му биде најсилната играчка алка. 
Шмит се врати по долгата пауза на терен минатиот четврток и веднаш е сместен во списокот на играчи кои во неделата на ЕХФ, во Тунис ќе играат против Австрија, Тунис и Португалија.

На списокот на Сутер, покрај Шмит се уште 18 други играчи од кои девет се од Бундеслигата, од кои ќе ги издвоиме голманот на европскиот шампион Никола Портнер и Лукас Местер од истиот тим, потоа бекот на Вецлар Рубин Лени итн. 
Од тие што не се бундеслигаши, а тие се и најдобрите во нивниот тим ќе ги издвоме пак Димитриј Кутел, Лука Марош и нормално Анди Шмит. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk