Македонија ќе спарингува со Грција во неделата на ЕХФ

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра два контролни натпревари со соодветната селекција на Грција во рамките на Неделата на ЕХФ. 
Овие натпревари е предвидено да се играат во Солун, на 3 и на 4 ноември и ќе бидат прва фаза од селекцијата и подготовките на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство во Германија во јануари 2024. 

Густиот распоред на натпревари во националните шампионати не дава многу простор за селекторите да комбинираат во текот на сезоната, па неделата на ЕХФ им е повеќе од добредојдена за да можат  во краток пероид по можност без долги патувања да тестираат до каде им се репрезентативците. 

Грција има сосема солиден состав што ќе биде добар тест за македонските репрезентативци, а ќе имаме можност и генерално да го видиме костурот на тимот што ќе нѐ претставува на Европското првенство кое по неколку парамтери ќе биде историско и за Македонија.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk