Ги замени Обрван и Брестовац, сега ќе го менува и Канаје

Монпеље е по многу работи исклучок во ракометниот свет. Тие и натаму се клуб број еден и клуб со најдобар центар за формација во Франција и покрај милионите што слетаа на банковното салдо на ПСЖ. Тие се единствените Французи што ја освиле Лигата на шампионите и тоа двапати. 

Нивната приказна е единствена и на клупата. Таму од 1994 или цели 30 години седи еден човек - Патрис Канаје. Следното лето, со заокружен 30 годишен тренерски стаж во клубот, Патрис Канаје заминува. 

Денеска, француските медиуми лицитираа со името на неговиот наследник. Едно име е во игра, Ерик Мате. И еден проблем - тој има договор со Шамбери до 2027 година.
Монпеље дури и во овој случај не бега далеку од традицијата. Ерик Мате беше нивни (асистент) тренер од 2015 до 2018 и потоа замина за Шамбери каде што со својот тим, ги замени своевремено тренерскиот тим на македонската сениорска репрезентација Ивица Обрван и Данило Брестовац. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk