Прекинат меч во Португалија

Натпреварот од петтото коло во првенството на Португалија, меѓу екипите на Виторија и Гаја, две екипи од дното на табелата во шампионатот е прекинат и веројатно ќе биде решен со службен резултат. 

Во финишот на првото полувреме, при водство на гостинскиот состав од 16-8, според тв снимката најмалку тројца фанови влетале на теренот и предизвикале инцидент. 
Фановите веднаш биле отстранети, се доиграла и последната минута од полувремето кое завршило 9-16, а потоа екипите заминале во соблекувалните.
Вториот дел не почнал, иако тимовите биле на терен и се загревале за продолжението. 

Во меѓувреме била информирана и португалската федерација. Судиите и делегатот барале да се испразни салата, но немало полиција за да го стори тоа и мечот да не се доигра затоа што не беа исполнети безбедносните услови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk