Не е само Бомбач, „цел“ Сегед на излезна врата?

Најавеното заминување на Дејан Бомбач од ПИК Сегед на крајот на сезоната, се чини дека е само гребаница по површината. Веднаш штом веста се прошири, беше отворена кутијата и излезе дека на крајот на сезонава на дури 12 играчи на ПИК Сегед им истекуваат договорите. 

Медиумите веднаш се погрижија да состават список на играчи на кои им истекуваат договорите, а од таму ги издвојуваме следниве имиња:
Дејан Бомбач, Лука Степанчиќ, Глеб Калараш, Имањол Гарсиандија, Мигуел Мартинс, Борут Мачковшек, Мартин Наѓ и Роланд Миклер. 

Сегед има преодно решение на клупата оваа сезона, а следната таа улога ќе ја преземат Швеѓаните Микаел Апелгрин и Јонас Калман. Тие веројатно и ќе се прашуваат кога ќе дојде време да се одлучува со кои играчи ќе се продолжува, а кои ќе бидат новите имиња. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk