Начевски и Николов повторно во ЛШ

Одбележуваме уште една вест, што не би била вест да е сѐ како што треба во структурите и медиумското известување во разните сфери на европскиот ракомет. 
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, прв пат е номинирана да дели правда во Лигата на шампионите дури во четвртото коло од најелитното натпреварување. 

Начевски и Николов, можеме да ги квалификуваме и како жртви на данскиот документарец и скандинавските медиуми, досега не беа испратени во Лигата на шампионите. Неодамна беа номинирани за ЕХФ Еуро 2024, сега го добија и првиот натпревар во ЛШ, па ако не е прерано за заклучок, работите можеби тргнаа кон нормализација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk