Кил стварно е во криза, скалпот го даде на Кузмановски и Миркуловски

Слабиот перформанс и потта што ја пролеа во Битола беше само почеток на маките на најславниот ракометен клуб во светот - германскиот Кил. 
Следеше пораз од Магдебург во Бундеслигата, а тој за неверување беше третиот по ред и веќе се симнуваат од тронот, а капак на сѐ е и поразот од Вецлар и елиминација од Куп на Германија. 
И за крај, следната недела се домаќини на Келце во Лигата на шампионите. 

Зебрите имаат за што да размислуваат и анализираат, а зрак светлост стигна до нашите Филип Кузмановски и Филип Миркуловски кои во улога на играч и на асистент тренер се во таборот на славеничкиот тим. 
Комплетно им вратија на „зебрите“ за понижувачкиот пораз од пред само еден месец. Ако се сеќавате, тогаш Вецлар на Кил му даде едвај 4 гола за едно полувреме. Сега му даде 19! 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk