Шок за Порто, загубија бод од аутсајдер

Со кренати веѓи ја читавме најавата дека Порто го чека тежок натпревар со Агуаш Санташ во шампионатот на Португалија, имајќи предвид дека во претходното коло Спортинг со 35-18 славеше над споменатиот тим. 
Но, Агуаш Санташ лани го изненади Порто, а традицијата беше обновена и годинава.

Порто не успеа да слави на гостувањето кај Агуаш Санташ и годинава, средбата заврши 32-32. Домашниот состав успеа да израмни на 3 секунди до крајот и да ја направи трката за шампионскиот пехар во Португалија интересна уште на почетокот на октомври. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk