Ѓ. Петров во Белгија по 1/8 финале

Ѓорче Петров, единствениот македонски тим што ја преживеа првата елиминациска препрека во ЕХФ Куп го дозна името на противникот со кого ќе игра за пласман меѓу 16 најдобри во ова натпреварување. 
Ѓорчепетровки имаат причини да бидат задоволни затоа што за влез во 1/8 финалето ќе се сретнат со екипа што доаѓа од неракометна земја, Белгија.
Тоа е тимот на Ејупен. Тие во второто коло беа подобри од литванскиот Жалгирис (36-27 и 27-29). Се работи за состав од домашни играчи и две незвучни ракометарки од Франција. 
Не треба да се потценува ниту еден противник, Ејупен сепак е клуб во кој фигурираат три женски сениорски состави и подмладок во сите категории почнувајќи од школа за девојчиња од 3-5 години. 

Ѓорче Петров ќе треба да ја понесе улогата на фаворит и веруваме дека ќе успее да се пласира меѓу најдобрите 16 екипи во ова натпреварување. 

ЕХФ КУП, ПАРОВИ:
Ејупен– Ѓорче Петров
Слован Дусло Шала – Бјеловар
Рудар – Пилаја Солун
Јувента Михаловце – Истогу
Ајдовчина – Херцогенбуше
Бенфика – Најстин
Кинцварт – Вестфрисланд
Коњалти – Гранољерс
Јенимале – Макаби Рамат Ган
Ериче – Изола
Венло – Криваја
Вестманејар – Мадеира
Бриксен – Јаликавак
Јонијас – Елче
Феникс – Салерно
Гран Канарија – Дуго Село

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk