По стапките на славниот татко

Еден од моментите што го одбележа дуелот меѓу Ваљадолид и Барса од петтото коло во Асобал лигата, беше настапот на младиот голман Филип Шариќ. Тој настапи на местото на Емил Нилсен кој сезонава брилјира во Лигата на шампионите, додека новиот голман на Кил, Гонзало Варгас во ЛШ главно е на клупата, а брани во домашното првенство. 
Филип Шариќ има 18 години и беше дел од првиот тим на Барса заедно со талентираниот кадет Петар Цикуша. 

Филип Шариќ е син на легендарниот голман Даниел Шариќ (46) кој од 2009 до 2016 година бранеше во Барселона и стана еден од првите кои заминаа за Катар каде што бранеше и за нивната репрезентација на СП што беше негова трета репрезентација (СиЦГ, БиХ). 

На овој меч играше и македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и постигна еден гол, додека Димитар Димитриоски кој исто како и Дарко настапува за Ваљадолид на овој меч не беше во тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk