Грчевски го скрати списокот на дамите

Пред женската репрезентација на Македонија е нов квалификациски циклус во кој треба да се избори за настап на Европското првенство што ќе се одржи следната година во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Македонија е во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан, две репрезентации од групата ќе се пласираат на ЕП, третопласираната ќе се пресметува со бодови и гол разлика со другите третопласирани екипи од квалификациите.

Македонија би можела уште месецов во пракса да обезбеди пласман на ЕП, доколку успее да ги совлада репрезентациите на Азербејџан и Литванија. 

Новиот селектор, Кристијан Грчевски, списокот од 35 ракометарки го скрати на 22 играчи кои остануваат во комбинација за првите две средби. 



Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10.2023 во СЦ „Јане Сандански“ во мала сала со почеток во 18:00 часот, потоа на 15.10.2023 следи натпревар на гостински терен во Вилнус против репрезентацијата на Литванија со почеток во 15:00 часот во Arena Avia Solutions Group (ASG ARENA).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk