Данците без една ѕвезда против Алкалоид?

Легендарниот дански пивот Рене Тофт Хансен (38) најверојатно ќе ги пропушти и двата дуела со екипата на Алкалоид што ќе се играат во ЕХФ Европската лига во ноември.
Некогашниот играч на Кил, Веспрем, АГ Копенхаген... се повреди на натпреварот со Скјерн, дуел што неговиот тим го загуби (31-33).
Повредата е на рамото. По неколку прегледи, поставена е дијагноза, но не и точен период на рехабилитација односно враќање на терен. 

„Може да биде и неколку недели, може и неколку месеци. Јас се надевам дека ќе се вратам на терен за неколку недели, но тоа не може да се предвиди. Различно е од човек до човек“, изјави 38 годишниот линиски играч. 

Дуелите меѓу Алкалоид и Бјерингбро Силкеборг се едно по друго, на 14 и 21 ноември, првиот меч се игра во Скопје. 
Извештатите во данските медиуми не изгледаат оптимистички за многу брзо враќање, но има уште шест недели до првата средба, па ќе следиме како ќе се развиваат настаните. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk