Лов на ѕвездите на Колстад

Норвешкиот Колстад многу брзо се најде во позиција од ловец да стане плен кога е во прашање трансфер маркетот кој ги вклучува и најголемите ѕвезди.
Норвежаните купуваа во Кил, Флензбург, Келце, но уште пред да почне сезоната почна и распродажбата, за да се покрие недоволната финансиска конструкција. 

Сега од клубот изјавуваат дека кризата претставена во медиумите им дошла добредојдена затоа што се зголемил бројот на спонзори, клубот почнал да расте, па морале да запослат уште осум нови работници. 
Финасиски велат ќе се стабилизирале, но и резултатски сега се во криза, па така екипата на Загреб која по сите норми важи за еден од најголемите аутсајдери во групата им одржа ракометна лекција и ги победи со десет гола разлика. 

Настрана тоа, сега сите поамбициозни клубови гледаат шанса и да купат некоја од норвешките ѕвезди. Шпекулациите го велат следново:

За услугите на десното крило Сигвалди Гудјонсон е заинтересиран Кил.
За услугите на левиот бек Свен Јоран Јоханесен е заинтересиран ГОГ.
За услугите на десниот бек Магнус Абелвик Род е заинтереисиран Мелзунген. 
За услугите на тренерот Кристијан Берге е заинтересиран ГОГ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk