Обрван оди кон прва (женска) титула

Поранешниот селектор на македонската машка сениорска репрезентација, Ивица Обрван е на вистинскиот курс за стигне до својата прва шампионска титула како тренер на женска екипа.

Ивица Обрван летово го презема кормилото на хрватскиот вицепрвак Подравка и веќе по четири кола има голема предност пред единствениот вистински ривал во шампионатот, актуелниот шампион, екипата на Локомотива Загреб. 

Досега се одиграни четири кола во шампионатот, а загрепскиот тим веќе има два пораза. Првиот од Осијек во третото коло, а викендов го загуби дербито со Подравка како гостин (18-24) и веројатно тука се отпишува од битката за одбрана на шампионскиот пехар. Подравка под водство на Ивица Обрван има четири од четири. 
Главен ривал на Ивица Обрван сега стана тимот на Зрињски кој има три победи од три меча, но по неделата на ЕХФ, на 21 октомври доаѓа на гости кај Подравка и веројатно тука ќе бидат отпишани и тие од некоја посериозна комбинација за да се запишат во игра за пехарот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk