Екипата на ЖРК Ѓорче Петров, утре ќе се најде во ждрепката за третото коло од ЕХФ Куп како дел од 32 екипи што ќе играат во втората нокаут фаза.
Во исчекување ЕХФ на помалку од 24 часа да се одоброволи и да ги објави носителите и неносителите, согласно ранг листата објавена на почетокот на сезоната, сами ги поделивме екипите во двата шешира, при што Ѓ. Петров како 12 рангиран во овој Куп, оди во првиот шешир.
16-те екипи што минаа во третото коло, а утре ќе бидат потенцијални противници на македонскиот клуб се следниве екипи:
Криваја (БиХ), Изола (Сло), Слован (Свк), Дуго Село (Хрв), Гранољерс (Шпа), Нејстин (Фар), Пилеа (Грц), Мадеира (Пор), Ејупен (Бел), Бриксен (Ита), Јенимале (Тур), Ајдовчина (Сло), Елче (Шпа), Вестфрисланд (Хол), Феникс (Млт), Истогу (Кос).
Шансите на Ѓ. Петров да се пласира во 1/8 финалето не се мали, но ќе му биде потребна сета среќа, имајќи предвид дека во оваа фаза има неколку екипи што ѓорчепетровски сигурно би ги минале.
foto> FB > Ѓорче Петров - ЖРК