Билет во Кил - едно евро!

Во следното коло од Лигата на шампионите, на 11 октовмри во Вундерино Арена во Кил ќе се сретнат екипите на Кил и полскиот шампион Келце. 
Полјаците имаат нови сопствените и нови ветришта во тимот, а клубот сака во Кил да има што повеќе фанови во жолти дресови.
Затоа клубот им излегува во пресрет и ќе ги субвенционира билетите, па така цената на билетите за фановите на Келце што ќе се „кренат на пат“ ќе биде само едно евро. 
Регуларните цени на натпреварите на Кил почнуваат од 15 евра, па одат нагоре. 

Поврзани вести