Дали Кил веќе се симна од тронот?

Бундеслигашот Кил, актуелниот шампион на Германија и екипа што минатата недела гостуваше во Македонија има слаб старт во домашниот шампионат. 
Кил по само шест одиграни натпревари веќе има три порази. Последниот викендов, од екипата на Магдебург, актуелен европски првак. 

Дали Кил веќе се симнува од тронот? Многу веројатно, затоа што лани, кога стана шампион имаше во текот на целата сезона односно на 34 одиграни натпревари само 4 порази и едно реми. Сега по шест кола, веќе има три порази и тоа сите три се по ред. Прво Флензбург, потоа Мелзунген и викендов Магдебург. 

На таблата, пак, лидер е Мелзунген со седум победи од седум меча, следен од Берлин кој има шест од шест. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk