Нова победа за Алкалоид, остана на 100%

РК АЕРОДРОМ - РК АЛКАЛОИД  30-44 (16-21)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Контролор: Зоран Кимовски
РК АЕРОДРОМ: Богдановски, Пајкоски 2, Мелоски 1, Митревски 2, Костов 7, Олтовски, Стојановски 1, Трифуновски 2, Трајчевски 1, Бошковски 6, Василев, Анакиевски 4, Анѓелковски 2, Грујевски, Димевски 2, Кизиќ
Седмерци: 5/10 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски 1, Галевски, Џонов 10, Маркоски, Младеновиќ, Стојковиќ 3, М. Митев 2, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Омерагиќ 2, Кофилоски 5, Петковски 8, Д. Митев 7, Савревски 3
Седмерци:7/7  Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид ја продолжи победничката низа и вечерва запиша и четвртата победа од исто толку суперлигашки натпревари.
РК Аеродром кој вечерва имаше улога на домаќин во „Автокоманда“ му ги препушти бодовите на актуелниот вицепрвак, иако и тие имаа што да покажат вечерва.
Новиот суперлигаш амбиционо го почна натпреварот и го диктираше резултатот во поголедмиот дел од првото полувреме.
Аеродром имаше водство во првата четвртина од средбата, а потоа откако Алкалоид почна да се влегува во ритам во еден дел од мечот успеваше да одржи егал. 
Така беше сѐ до резултат 14-14 кога конечно се поврзаа линиите на Алкалоид и почна да функционира играта, иако во екипата немаше неколку стандарни играчи. 
Алкалоид до полувреме направи предност од пет гола 21-16, а во вторит дел комплетно доминираше во секој поглед и во еден момент имаше и највисоки плус 15 (33-18). 
Иван Џонов се изнаигра на денешниот меч и со 10 гола беше најефикасниот кај условно кажано гостите, додека во составот на Аеродром, Стефан Бошковски беше најдобриот стрелец од игра со шест гола, додека Костов постигна седум од кои пет од седмерец. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk