Т. Пролет сигурен против дебитантот Мулти Есенс

РК ПРОЛЕТ 62 - РК МУЛТИ ЕСЕНС   32-27 (17-10)
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Контролор: Марјан Начевски
РК ПРОЛЕТ 62: Петковски, Николовски 1, Тотиќ 1, Пецаковски, Василевски 5, Кочаров, Додевски 4, Димов 3, Андоноски 2, Мајнов, Димковски 2, Стојановски 3, Михаљевиќ, Палевски 6, Спасовски, Арсеновски 5
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 14 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 1, Костовски, Илиески 9, Петковски, Д. Узунчев 2, Петрески, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Василевски, Тодески 1, Димовски, Трајковски, Јорданов 12, Карасманакис 2
Седмерци: 7/7 Иклучувања: 10 мин.

Екипата на Тинекс Пролет останува во горниот дел на табелата откако вечерва славеше сигурна победа над дебитантот во Суперлигата, екипата на Мулти Есенс. 
Постариот скопски состав имаше фуриозно отворање на натпреварот, миннути во кои ги искористи сите свои предности во однос на младиот гостински состав и поведе со 5-2, 8-3, 12-4 и практично уште во оваа фаза на натпреварот го одлучи победникот. 
Иван Марковски бараше решенија за резултатско враќање, но освен Олег Јорданов кој ги постина првите четири гола за Мулти Есенс немаше одговор и противигра за расположениот домаќин. На полувреме беше 17-10 за Т. Пролет.  
Ништо круцијално не се промени ниту во вториот дел во поглед на резултатот. Кај гостите, пак, се разигра Илиески, но ниту тоа не донесе промена во рамнотежата. Домашиот состав имаше полна контрола и рутински го приведе натпреварот до крајот и освои нови бодови. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk