Тиквеш и Струга до нови бодови, Куманово и Скопје на дното

МРК КУМАНОВО - ГРК ТИКВЕШ  16:28 (10-13)
Димитров 3, Даневски 3 - Симиќ 6, Темелкоски 5

СТРУГА - СКОПЈЕ 2020  37-28 (16-12)
Бошњак 10, Бугариновиќ 9 - Мишевски 9, Киселовски 7


Екипите на Куманово и Скопје 2020 останаа приковани на дното на суперлигашката табела во групата „А“ откако денеска ги запишаа поразите број четири од исто толку одиграни натпревари. 

Кумановчани играа со екипата на ГРК Тиквеш на домашен терен, но го имаа под контрола натпреварот само до резултат 7-7. Потоа поведоа кавадарчани, на полувреме беше 10-13, а во вториот дел очигледно подобро екипирани и подготвени воведоа ритам што домашните не можеа да го следат и конечно мечот го добија со 12 гола разлика. 

Во Струга домашната екипа исто како и кавадарчаните немаше вистински проблеми и успеа да стигне до својата втора победа и да ја продолжи трката за плејоф.
Скопје 2020 остана и овој пат без освоен бод, а осумте гола на Киселовски и деветте на Мишевски не беа доволни за да останат непоразени во Струга.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk