ГОГ го преслуша фаворитот Веспрем

ГОГ - ВЕСПРЕМ  36-30 (18-14)
Менсинг 11, Мадсен 7 - Ремили 7, Фабрегас 5

Неисполнетата желба на Фуксе Берлин, Арон Менсинг (11 гола) и идниот играч на Кил, Емил Мадсен (7) денеска беа во фокусот на натпреварот меѓу ГОГ и Веспрем кој Данците го добија со 36-30 и му го нанесоа првиот пораз на тимот кој од клупата го предводи Момир Илиќ.

Немаше резултатски неизвесности вечерва во Јуске Банк Арена во Одензе. ГОГ постојано водеше, а во пред каков нокаут беше фаворизираниот Веспрем покажува резултатот 32-24 во 51 минута од средбата. 
До крајот на мечот, домашните не дозволија гостинот да развие игра со која би ги довел во опасност и запишаа трета победа од три меча во Лигата на шампионите. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk