Загреб го растури дрим тимот Колстад

ЗАГРЕБ - КОЛСТАД 31-20 (17-10)
Моралес 8, Дибиров 6 - Гудјонсен 11

Неочекуван развој имаше натпреварот во Загреб каде што домашниот истоимен тим го пречека норвешкиот дрим тим Колстад.
Кризата кај Норвежаните од домашното првенство се прелеа и во ЛШ, па денеска играа само15-тина минути (9-8) и потоа беа разбиена „банда“ за која Загреб имаше лек. Единствен кој се бореше со расположените Хрвати беше Сигвалди Гудјонсен кој постигна повеќе од пола од головите за Колстад (11)
Голманот Матеја Мандиќ е херојот на Загреб, имаше 15 одбрани уште во 50 минута (конечно 44% одбрни), а уште во раната фаза од вториот дел Загреб веќе водеше со 10 гола разлика. Дибиров и Моралес можеа и предвреме да се преселат на клупата и да се одморат гледајќи како нивните замени продолжуваат да ги реметат скапите норвешки ѕвезди. 
Ова е втор добар меч на Загреб откако го сменија тренерот Славко Голужа и играат под водство на асистентот Андрија Николиќ. Во моментов, можеби најдобро решение и можеби ќе биде грешка да му донесат нов шеф. 

Ова беа првите бодови за Загреб и сега се одвоија од дното каде што засега единствен без бодови е Еурофарм Пелистер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk