Супер глоуб: Силниот Калеј го одбра Магдебург

Екипите учесници на годинешниот Супер глоуб, Светското клупско првенство, денеска беа поделени во четири групи од каде што ќе го почнат натпреварувањето за драгоцениот пехар и уште подрагоцениот чек. 
Победниците од четирите групи, ќе се пласираат во 1/2 финалето на турнирот. 

Домаќинот на турнирот, Ал Калеј, засилен со Петар Ненадиќ и уште неколку познати имиња имаше право да одбере во која група ќе игра и тие ја одбраа групата во која од првиот шешир беше извлечен европскиот шампион Магдебург. 
Ова е 16 издание на Супер глоуб и ќе се одржи во Саудиска Арабија од 7 до 12 ноември.

2023 IHF Men’s Super Globe 
Group A: Al-Ahly (EGY), Al-Noor (KSA), FC Barcelona (ESP)
Group B: Kuwait SC (KUW), San Fernando HB (ARG), Füchse Berlin (GER)
Group C: SC Magdeburg (GER), Khaleej (KSA), University of Queensland (AUS)
Group D: KS Kielce (POL), Al-Najma (BRN), San Francisco CalHeat (USA)
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk