Јовиќ: Чкембари се најдобрите навивачи на сите ракометни терени, a ние ќе освоиме двојна круна

Еурофарм Пелистер по неколку неубедливи партии, конечно одигра меч на ниво на кој рамноправно се носеше со шампионот на Германија, Кил. На крајот не успеа да освои бод, но добриот впечаток остана. 

„И благодарам на публиката која ни даваше поддршка во текот на целиот меч. Воедно само и да и го честитам роденденот на нашата навивачка група Чкембари која е најдобрата навивачка група на сите ракометни терени во Европа, па можам да кажам и во светот.
Се покажавме во добро светло против според мене најдобриот клуб во Европа. Париравме во сите 60 минути, ни се укажа шанса да избориме за нершено, можеби и победа. Но, не успеавме, а тоа се должи на нашето неискуство, промашивме некои зицери, направиме две три технички грешки и тоа искусните играчи и големите ѕвезди на Кил знаеја да го казнат.
Од овој меч ќе добиеме самодоверба, а нашиот пријател е времето. Ние сме нова екипа и ни треба време да се вклопиме и да направиме добра приказна. Не се сомневам во тоа. 
Нашите цели се да ги освоиме двете титули во домашното првенство и сугурен сум дека ќе го оствариме тоа. А во Лигата на шампионите да се претставиме во што подобро светло. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk