Карачиќ и Сичко го „решија“ ПСЖ

Полскиот шампион Келце го совлада ПСЖ, минимално 30-29 во мечот на неделата во Лигата на шампионите. Полскиот првак на оваа средба имаше доста проблеми со парискиот состав, но во клучните моменти блесна нивниот најдобар стрелец сезонава - Симон Сичко. Овој два метра висок бек, за неверување, на сите досегашни натпревари е најдобар стрелец на Келце и има постигнато 25 гола на три меча или нешто повеќе од осум гола по натпревар. 
Но, најважно, вечерва откако ПСЖ намали на 25-26, Симон Сичко и Игор Карачиќ постигнаа четири гола за водство од 30-26 по што дилемите околу победникот беа решени. 

Прописно ладење во ЛШ доживеа и данскиот Алборг на гостувањето кај Пик Сегед. Немаше своја вечер Никлас Ландин (6 одб), ништо посебно не беше ниту Микел Хансен 6/12 (3/4). Марио Шоштариќ затоа на спротивната страна имаше 9/10, а голманот Имсгард запиша 13 одбрани. 
Алборг одржуваше негатива од два-четири гола до 40 минута, а потоа Сегед отиде и на плус седум (30-23) за конечно мечот да го добие со резултат 34-27. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk