Сташ Скубе заврши со ракомет за годинава

Словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе никако да ја врати формата и славата што ја имаше додека играше за македонскиот Вардар, со кого стана и европски првак.
Замина во Мешков Брест, потоа во Келце како попатна станица до Монпеље, но уште чекаме да го видиме во препознатливото издание во подолг период.

Место тоа, подолг период ќе биде навор од теренот. Најверојатно до крајот на оваа календарска година, според зборовите на тренерот Патрис Канаје. 

Скубе е повреден, лигамент на коленото. „Среќа“ не е вкрстениот туку латерален и нема да мора да оди на операција доколку рехабилитацијата се одвива според планот. Но, паузата нема да биде кратка. Два до три месеца, во зависност каков ќе биде целиот процес на заздравување. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk