Гранољерс без Нигериецот два месеца

Приказната за нигерскиот десен бек Фарук Јусуф е веќе неколкукратно раскажана. Дојде во Македонија на кадетскиот мундијал во 2019 година и потпиша договор со скопски Бутел. Потоа му се изгуби трагата, а одново за него слушнавме кога беше регрутиран од полскиот шампион Келце. 

Потпиша за Полјаците, но не заигра за првиот состав на Душебаев, туку замина на калење во Шпанија, во екипата на Гранољерс.
Таму стана откритие на сезоната и беше најдобар дебитант, па остана во редовите на клубот од периферијата на Барселона.

Гранољерс во следните два месеца ќе мора без него. Фарук Јусуф ќе оди на операција на лигаментите на палецот на левата рака. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk