Третото коло од Лигата на шампионите почнува денеска со три дуели закажани од 18:45 часот од кои едниот ќе се игра во Битола.
Дербито на денот е во истиот термин, а во „Легија“ се среќаваат четите на Талант Душебаев и Раул Гонзалез, Келце и Пари Сен Жермен. Келце има еден пораз, Французите се на 100% досега.
Во истиот термин е и трет дерби дуел, а тој ќе се игра во унгарскиот Сегед. Таму доаѓа непоразениот дански дрим тим Алборг.
Единствениот меч во вечерниот термин од 20:45 е натпреварот на актуелниот европски првак кој првата победа и бегството од последното место сезонава ќе ја брка против екипата на Целје Пивоварна Лашко.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45 Е. ПЕЛИСТЕР - КИЛ (МТВ 3, ТВ Арена Спорт 5)
18:45 КЕЛЦЕ - ПСЖ
18:45 СЕГЕД - АЛБОРГ
20:45 МАГДЕБУРГ - ЦЕЛЈЕ
ТАБЕЛИ