Една победа, два пораза од вкупно три одиграни натпревари на стартот на Лигата на шампионите, секако не е почеток на сезоната каков што посакуваше можеби најскапиот женски ракометен клуб во светот - ЧСМ Букурешт.
Но, годинава се чини ќе биде дежа ви за фановите на романскиот тим, а покрај двата пораза ЧСМ во следниот месец - два ќе остане и без француската репрезентативка Грејс Заади.
Таа се повреди на натпреварот со Ѓер. Има нетпична повреда на стапалото, руптура
(plantar fasciitis) и ќе мора извесен засега неодреден период (но сигурно подолг од неколку недели) да мине надвор од терените и да ги пропушти следните натпревари од Лигата на шампионите.