Чкембари роденден ќе слават со Кил

Ако кажеме дека најголемиот ракометен клуб во светот е Кил, можеби ќе погрешиме малку, можеби нема воопшто да погрешиме. Има клубови што имаат повеќе пехари и во домашните првенства и во Лигата на шампионите, но црно-белите од северот на Германија прераснаа во таква ракометна институција со која барем во нашите очи, не може да се мери ниту Барса со сите нејзини пехари и празна сала, ниту ПСЖ со нивните милиони, дрим тимови и ниту еден шампионски прстен... 
Ако ние треба да бираме, Кил е најголемиот ракометен клуб и репрезент на овој спорт во светски рамки. 

Во среда во Битола, за прв пат во историјата на официјален меч доаѓа најголемиот светски клуб. Имално славни гости во „најракометниот“ град, но никогаш тоа не бил Кил. Сѐ до годинава, сѐ до среда. 

Нивното гостување се поклопува со 38 роденден на навивачката група Чкембари која е заштитен знак на Битола, особено кога е збор за ракомет. Во среда почнува и нивната роденденска прослава, а специјалниот гостин што ќе ја збогати прославата е најголемиот клуб во светот. 

Да уживаме во втората епизода од врвен ракомет во нашиот град, гласно да згрмиме за нашата чест, за сите сеќавања, стекнати другарства, фамилии и многу многу спомени..., напишаа Чкембари во својата објава. 


За навивачите ќе има роденденски попуст на билети, а собирот го закажаа на плоштадот „Магнолија“ во 16:30 часот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk