Вардар го презема врвот на табелата

ВАРДАР 1961 - Т. ПРОЛЕТ  31-20 (16-8)
Петриќ 7, Ансер 6, Гарсија 4 - Василевски 4, Мајнов 4

Вардар 1961 ја запиша третата победа и од ова коло со максимални девет бода е осамен на врвот на табелата во групата „Б“ во суперлигашкото разигрување за Плејоф.
За прв пат сезонава во позначајна улога видовме уште две од странските засилувања, а тоа се Ансер Родригез и Алонсо Гарсија кои одиграа добар меч и постигнаа комбинирано 10 гола. 
Јапонецот денеска не беше во главната улога, па следствено изостанаа и погодоците од линијата, но резултатски тоа против Пролет не играше улога. 
Домашниот вардар поведе со 5-2 потоа од 8-5 направи серија од 5-0 за водство од 13-5 и победникот и практично беше решен. 
Во вториот дел, разликата се искачи на плус 10 при резултат 26-16 и во тој ритам 10-11 гола беше приведена средбата и до крајот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk