АЕК потврди, Ѓукиќ е новиот тренер

Не требаше да чекаме долго за официјална потврда на информацијата што g-sport.mk вчера прв ја објави. Грчкиот шампион АЕК Атина, екипа што стана поблиска и македонските ракометни фанови по двете по ред учества на турнирот во Струга има нов тренер, а тоа е Драган Ѓукиќ. 

Драган Ѓукиќ (61) има импресивна тренерска кариера во која се запишани имињата на повеќе од 20 клубови и репрезентации. Тренерска кариера почна во 1986, а во 2000 година почна меѓународна кариера како селектор на Јордан. Во Македонија, во редовите на Вардар дојде во 2003 година од унгаркскиот ПИК Сегед, а замина во 2005 во португалската Мадеира. 

Драган Ѓукиќ во АЕК Атина доаѓа на местото на легедарниот грчки десен бек Алексис Алванос. Тој му донесе титула на АЕК и место во групната фаза на Европската лига, но АЕК загуби на стартот на сезоната во грчкиот Суперкуп од Олимпијакос и тука набрзина „пукна“ љубовта, па следеше експресна разделба. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk