Мега пресврт на Порто, Митревски донесе сигурност

Екипата на Порто беше на работ на голем пораз на гостувањето кај најмладиот тим во Лигата на шампионите, Целје Пивоварна Лашко.
Домашниот состав доминираше 40-тина минути и имаше константно водство од 6-8 гола разлика. 

Порто, со младиот Диого Рема на голот изгледаше беспомошно, неконтролирано и изгледаше како тим за кој нема спас. Веројатно и ќе им немаше спас, доколку Карлос Ресенде конечно не го пратеше тинејџерот на клупа, а во игра да го внесе капитенот на македонската репрезентација. 
Никола Митревски во игра влезе по 40 минута, кога Порто губеше со осум гола разлика. Со неговото влегување, некако се зголеми самодовербата на дефанзивната линија, Порто почна да игра одбрана, а Митревски со два одбранети зицера го одбрани ритамот што сино-белите почнаа да го фаќаат.
Се редеа контри, Бранкињо го полнеше голот на Словенците кои ја загубија самодовербата и влегуваа од грешка во грешка. 
Целје во нападот не можеше да се бори со силниот пивот Итуриза, а бадијала беа и двата тајм аути на Алем Тоскиќ. 
Само во еден момент Целје успеа да земе здив и тоа откако Порто ја анулираше комплетната негатива од осум гола и поведе 27-26, но набрзо се вратија во шема Португалците. Митревски и во овој период имаше интервенција и добро го покриваше голот, за конечно Порто да поведе 30-29. Во последниот напад, Словенците не успеаја да упатат чист удар и средбата заврши со минимална победа на Порто, победа во која е потпишан и македонскиот голман. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk