Е. Пелистер на македонски погон во Алборг

Тренерскиот тандем Јовиќ и Шундовски за натпреварот на Еурофарм Пелистер од второто коло од Лигата на шампионите со Алборг, меч што ќе се игра вечерва во Данска, во составот ќе има осум македонски играчи, наспроти четирите што ги имаше на премиерата во Битола. 

Од легионерите на овој натпревар нема да ги видиме Калифа Гедбан, Богдан Радивојевиќ, Руди Сери и Денис Васиљев. Но, со оглед на тоа и што го видовме од нив на претходните два-три натпревари, сега е време да видиме до каде се домашните „деца“ во клубот, а тоа првенствено се однесува на Емилијан Ѓорговски, потоа Петар Атансијевиќ, секако и Кизиќ, а во отсуство на Богдан Радивојевиќ, ќе видиме вистинска шанса за Ненад Костески. 
Овие играчи, секако имаат повеќе кредити за трошење, а се надеваме и дека ќе пружат и убави моменти вечерва. 

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а ТВ пренос ќе има на каналот МТВ 3 и на ТВ Арена Спорт 5 или 6. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk