Франција без Жерар на ЕП 2024?

Првиот голман на Кил и на француската репрезентација Винсен Жерар, мораше да оди на операција, на абдомен и нема да биде фит за настап во следните три месеци.
Жерар се оперираше на 15 септември и трите месеци што докторите ги предвидуваат завршуваат на 15 декември, па тој се надева дека ќе успее во следниот месец да дојде во форма за да биде повикан од францускиот селектор Гијом Жил. 
Но, во моментов е рано да се предвидува како ќе оди рехабилитацијата, затоа што во првите 15 тина дена е препорачано мирување, а дури потоа почеток на рехабилитацискиот процес. 

Настапот на Винсен Жерар на ЕП е под голем прашалник, а Франција да потсетима во првото коло на ЕП, ќе игра со Македонија на стадионот Меркур Арена во Дизелдорф пред повеќе од 50.000 гледачи. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk