Нигериецот Обина од Тиквеш на поштеда

ГРК Тиквеш имаше успешен старт на сезоната и со две победи во моментов го дели првото место во групата „А“ со екипата на РК Алкалоид како единствени екипи што немаат загубено бод. 

Следните два меча, пред да го пречекаат Охрид, кавадарчани ќе ги играат дома со Струга и на гостински терен со Куманово, па се очекува дербито со тимот на Стевче Алушовски да го одиграат со максимален ефект. 

Но, кавадарчани најверојатно на следниот меч ќе бидат ослабени затоа што повреда на коленото заработи нивниот десен бек Ани Обина, нигерискиот репрезентативец. 
Колку долго ќе биде отсутен не се знае, но повредата не е сериозна и се очекува да биде на терен на еден од најважните дуели за нив во сезоната, домашниот меч со ГРК Охрид закажан за 7/8 октомври. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk