Ваучерот се менува од 1 јануари!

Спортскиот ваучер, тема на многи дискусии и позитивни и негативни со сите свои добри и лоши страни пд 1 јануари, заминува во историја во форматот што досега беше актуелен.. 
На денешната седница на Собранието беа усвоени измени на законот за Данок на добивка. 

„Со измените се обезбедува усогласување со препораките од ЕК и меѓународните финансиски институции, во насока на обезбедување подолгорочна стабилност на јавните финансии преку проширување на даночната база, а ќе придонесе и кон намалување на административниот товар на компаниите преку симплифицирање на одредени процедури од системот на данокот на добивка“, се вели со собраниското известување.

Измените во законот, значат дека клубовите што ќе добијат финансиска помош од државата, нема да мора да ги уновчуваат ваучерите преку фирми и компании, туку средствата ќе им бидат одредени, директно ќе им бидат исплаќани од државната на нивната сметка, на две рати. 

 foto: vlada.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk