Мелгард: Алборг може да има „проблем“

Данскиот дрим тим Алборг, клуб со финале од ЛШ во своето резиме годинава уште повеќе се засили со ракометари со ѕвездено резиме, а својата моќ ја демонстрираше на првиот гостински натпревар на кој го надигра и совлада актуелниот вицешампион - Келце. 

Во Алборг сезонава освен што од стрес-терапијата се врати Микел Хансен, дојдоа и данските репрезентативци Никлас Ландин, Симон Халд и Томас Арнолдсен. Засилени се со Швеѓаните Лукас Нилсон, Јак Турин, Фабијан Норстен и Словенецот Алекс Влах. 
Од екипата заминаа Лукас Сандел, Феликс Клар и Микаел Агефорс, потоа Симон Гаде и Арон Палмарсон. 

И додека другите клубови имаат проблем со тоа како да пополнат извесни позиции, Алборг има проблем како да им даде минутажа на сите ракометари што се во составот. 

„Ако годинава влеземе во проблеми, тоа ќе биде затоа што имаме многу играчи што треба да играат. Имаме врвни ракометари на секоја позиција, а нив им треба минутажа. Нема да биде едноставно да се постигне тоа, тренерите ќе имаат голем предизвик.
Работата на топ играчите е да испорачаат тоа што треба, но им треба минутажа. Во моментов ротираме колку што можеме повеќе, но тоа не значи дека на некои средби нема да има периоди во некои играчи нема да добијат доволно време на теренот. 
Од друга страна е добро, затоа што имаме неколку репрезентаивци кои ќе имаат повеќе време да се одморат и ќе има кој да ги замени“, изјави Хенрик Мелгард, еден од најкорисните и најпотценети дански играчи. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk