Јовиќ: Верувам дека ќе се издигнеме

Нов голем предизвик е пред македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Откако во првото коло на домашен терен играа со норвешкиот дрим тим, утре, во второто коло од Лигата на шампионите битолчани како гости ќе се соочат со данскиот дрим тим. 

„Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет“, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ. 

Натпреварот ќе се игра утре со почеток од 20:45, а директен ТВ пренос (засега потврдено) ќе има на ТВ Арена Спорт 5. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk