Десподовска со 10 гола ги „реши“ Украинките

Екипата на Кобржице од Полска за која настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска во второто коло од полскиот шампионат за противник имаше екипа од Украина. 
Галичанка Лвов се натпреварува во најсилната лига на Полска и беше доста незгоден ривал на Кобржице  се до моментот додека не се разигра македонската ракометарка.
Украинките стигнаа на гол негатива (18-19), по што следеа четири гола по ред на Десподовска, пота за момент прекина серијата и еден гол постигна Лвов, за Десподовска да продолжи каде што застана со уште два погодока. 
Македонската ракометарка мечот го заврши со 10 гола, а Кобржице славеше победа од 30-27. 
Ова беше и втора победа од два одиграни меча за Кобржице во полското првенство сезонава. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk